Предупредување во однос на екстремната десница во Германија
„Согледуваме оти различни екстремно десничарски групи воспоставуваат интензивна меѓусебна мрежа на комуникација“ - рече претседателот на Федералната канцеларија за заштита на Уставот (БфВ, Службата за внатрешно разузнавање) на Германија Томас Халденванг

Претседателот на Федералната канцеларија за заштита на Уставот (БфВ, Службата за внатрешно разузнавање) на Германија Томас Халденванг во дадената изјава за весникот „Велт ам Сонтаг“ истакна дека случувањата во последните години укажуваат на потребата од посветување на поголемо внимание на екстремно десничарските структури.
Халденванг истакна дека се согледува оти различните екстремно десничарски групи воспоставуваат интензивна меѓусебна мрежа на комуникација.
Тој напомена дека се повеќе станува неизвесна и границата помеѓу екстремно десничарските средини и како што рече „популистичките граѓани демонстранти“ кои не се задоволни од актуелниот политички тек.
Халденванг достави предупредувања и по прашањето на терористичката организација ДЕАШ за која рече дека го продолжува своето постоење во подземјето во Сирија и Ирак.
„Не би можеле да кажеме дека е одмината опасноста во врска со ДЕАШ. Се уште располагаме со голем број знаци за тоа дека планира напади. Треба да го земеме во предвид тоа дека во секој момент би можело да се изврши напад.“ - рече Халденванг.
Нагласувајќи дека добро го знаат тоа како екстремистите и терористите би можеле да воспостават меѓусебна комуникација без притоа да привлечат внимание, претседателот на Федералната канцеларија за заштита на Уставот (БфВ, Службата за внатрешно разузнавање) на Германија Томас Халденванг подвлече дека мошне многу се зголемени можностите за комуницирање на овие луѓе преку интернет и дека затоа законите треба да се прилагодат кон светот на модерната комуникација.
Слични вести

Лавров одговори на реакциите на западниот свет во врска со Навални
Реакциите на западниот свет се обид за прикривање на внатрешните кризи во овие земји