Американ ерлајнс ги укина летовите на Боинг 737 Макс

Укинувањето на летовите авионите од типот 737 Макс на втората најголема американска авиокомпанија предизвика реакции кај патниците.

1183465
Американ ерлајнс ги укина летовите на Боинг 737 Макс

Американската авиокомпанија „Американ ерлајнс“  до средината на август ги укина летовите на авионите од типот Боинг 737 Макс.

Околу 115 летови дневно ќе бидат изложени на неповолното влијание на укинатите летови.

Укинувањето на летовите авионите од типот 737 Макс на втората најголема американска авиокомпанија предизвика реакции кај патниците.

Компанијата соопшти дека презеле мерки за повторно преуредување на редоследот на летовите на патниците.

Американската авиокомпанија со укинување на летовите до август, а кој настан претходно го најави до јуни, планира да ја зголеми безбедноста на патниците во најинтензивниот период.

Техничките недостатоци на авионите Боинг 737 Макс кои се теретат за најсмртоносните несреќи се предвидува да се надминат до крајот на април.

Во двете несреќи во последните 7 месеци кои беа доживеани со авионите од типот Боинг 727 Макс 8, во несреќата во Индонезија загинаа 189, во Етиопија 157 патници.

По несреќите, сите авиокомпании во светот вклучувајќи ја и турската авиокомпанија Туркиш ерлајнс усвоија одлука да ги забранат летовите на овие авиони се додека не заврши испитувањето на црните кутии на авионите.



Слични вести