Соборениот судански претседател Омар ел-Бешир се наоѓа во домашен затвор во Картум

"Омар ел-Бешир не го напушти Судан, се наоѓа во домашен затвор во главниот град Картум." - изјави командантот на силите за брза поддршка во склопот на армијата во Судан Мухамед Хамдан Даклу

1182838
Соборениот судански претседател Омар ел-Бешир се наоѓа во домашен затвор во Картум

Командантот на силите за брза поддршка во склопот на армијата во Судан генерал полковник Мухамед Хамдан Даклу изјави за еден локален телевизиски канал дека соборениот претседател Омар ел-Бешир се наоѓа во домашен затвор во главниот град Картум.

Даклу рече: "Омар ел-Бешир не го напушти Судан, се наоѓа во домашен затвор во главниот град."

Генерал полковник Мухамед Хамдан Даклу истакна дека тоа што Бешир 4 месеци како инсистираше да се води борба против мирољубивите демонстранти беше причина претседателот да биде изземен од должност.

Даклу рече дека Омар ел-Бешир не ја напуштил должноста по нормална постапка и дека не размислувал да се повлече без притисокот на вооружените сили.

Осврнувајќи се на брзата промена во Преодниот воен совет, Даклу истакна дека министерот за одбрана Авад бин Авф не беше сакан од страна на демонстрантите и дека Абдулфетах ел-Бурхан беше прифатен од страна на армијата и суданскиот народ.

Командантот на силите за брза поддршка во склопот на армијата генерал полковник Мухамед Хамдан Даклу како последно предупреди од можноста Судан да се вовлече во средина на хаос и ги повика демонстрантите да го прифатат целосно Преодниот воен совет.



Слични вести