Во вооружен судир во Авганистан загинаа 7 полицајци

Во провинцијата Гор во западниот дел на Авганистан дојде до вооружен судир помеѓу членови на Талибан и полициските сили во кој загинаа 7 полицајци, а еден полицаец е ранет

1182770
Во вооружен судир во Авганистан загинаа 7 полицајци

Во вооружен судир помеѓу членови на Талибан и полициските сили во провинцијата Гор во западниот дел на Авганистан загинаа 7 мина припадници на полицијата, а еден полицаец е ранет.

Портпаролот на провинцијата Гор Абдулхај Хатиби истакна дека членовите на Талибан поставиле заседа на полициски конвој во областа Кораб Лејла во Гор, по што дошло до вооружен судир.

Велејќи дека во судирот загинале 7 мина полицајци, Абдулхај Хатиби рече дека бил ранет и еден полицаец.

Во објавеното соопштение од страна на Талибан пак, се тврди дека во вооружениот судир биле убиени 10 припадници на безбедносните сили.



Слични вести