Преодниот воен совет во Судан го укина полицискиот час

Претседателот на Преодниот воен совет во Судан Абдулфетах ел-Бурхан истакна дека се укинува полицискиот час и дека преодниот период во земјата ќе трае најмногу две години

1182776
Преодниот воен совет во Судан го укина полицискиот час

Претседателот на Преодниот воен совет во Судан Абдулфетах ел-Бурхан соопшти дека се укинува полицискиот час (забраната за излегување на улица).

Бурхан, во својот говор кој што беше емитуван во живо на државната телевизија истакна дека се укинува полицискиот час (забраната за излегување на улица) кој што беше воведен пред два дена.

Информирајќи дека е ставено крај на функциите на гувернерите на сите гувернерства во Судан, Бурхан нагласи дека преодниот период во земјата ќе трае најмногу две години, а потоа управата ќе биде предаде на цивилната влада која ќе биде формирана од страна на народот.

Тој наведе дека ќе бидат изнесени пред суд сите лица замешани во убиството на невини лица, како и во случаите на корупција, а воедно истакна дека за нормализирање на животот во земјата очекуваат поддршка од граѓаните.

Инаку, суданскиот министер за одбрана Авад бин Авф на 11 април во четвртокот во своето обраќање преку државната телевизија во својство на претседател на Преодниот воен совет соопшти дека армијата ја презеде власта во земјата и дека е започнат двогодишен период на премин.

Меѓутоа, Авад бин Авф без да поминат ниту 24 часа откако положи заклетва како претседател на Преодниот воен совет на Судан по преземањето на власта во оваа земја од страна на армијата, соопшти дека ја напушта должноста и дека на свое место за нов претседател на Преодниот воен совет го избрал Абдулфетах ел-Бурхан.

По напуштањето на оваа должност на Авад бин Авф, Бурхан синоќа положи заклетва и почна да ја извршува должноста претседател на Преодниот воен совет.



Слични вести