Партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху со 36 пратенички места освои најмногу гласови

Објавени резултатите од предвремените парламентарни избори во Израел

1181957
Партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху со 36 пратенички места освои најмногу гласови

Објавени резултатите од предвремените парламентарни избори во Израел што се одржаа во вторник.

Според веста на весникот „Једиот Ахаронот“ која беше објавена на веб страницата на интернет, изборната комисија соопшти дека партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху со 36 пратенички места освои најмногу гласови.

Сино-белата алијанса со 35 пратенички места беше втора партија на изборите во Израел. Партијата „Нашиот дом Израел“ на поранешниот министер за одбрана Авигдор Либерман освои 5 пратенички места.

Арапската Алијанса освои 6 пратенички места, додека левичарската партија Мерец (Сила) пет пратенички места.

Според овие резултати,

Екстремните десничарски партии со 65 пратенички места ќе можат да формираат коалициона влада.

Бени Ганц еден од двајцата лидери на Сино-белата алијанса во изјавата за печатот по објавувањето на неофицијалните резултати по гласањето во вторник навечер рече дека екстремно настроените гласаа за Нетанјаху кој ќе ја формира владата. Резултатот е тоа.



Слични вести