ЕУ повика власта во Судан да и се предаде на цивилна Влада

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини истакна дека Воениот совет не може да одговори на барањата на народот во Судан за промени и упати повик власта во земјата да и се предаде на цивилна Влада

1182254
ЕУ повика власта во Судан да и се предаде на цивилна Влада

Европската унија (ЕУ) истакна дека Воениот совет не може да одговори на барањата на народот во Судан за промени и упати повик власта во земјата да и се предаде на цивилна Влада. 

Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини објави писмено соопштение во кое истакна дека суданскиот народ со месеци како на мирољубив и одлучен начин бара промени.

Могерини ја изнесе следната констатација: „Како што подвлече во неговата дадена изјава денеска (вчера) и претсеадтелот на Комисијата на Африканската унија (Муса Факи Мухамед), Воениот совет кој ги прекршува и принципите на повелбата на Африканската унија, не може да одговори на барањата на народот за промени.“ 

Нагласувајќи дека очекувањата на суданскиот народ можат да бидат обезбедени само од страна на „доверлив“ и „сеопфатен“ политички процес, Могерини рече: „Тоа пак, може да се реализира само со брзо предавање на власта на цивилна Влада. Во текот на овој процес, до сите страни упатуваме повик за воздржаност.“ 

Инаку, суданскиот министер за надворешни работи Авад бин Авф вчера соопшти дека армијата ја презеде власта и дека започна двогодишниот преоден период во земјата.

 



Слични вести