ЕУ: Одлуката на Израел за изградба на нови еврејски населби Западниот Брег е незаконска

Од канцеларијата на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Могерини се вели дека планот на Израел за изградба на приближно 4.600 нови станови на окупираниот Западен Брег ќе му наштети на процесот со дводржавно решение

1181772
ЕУ: Одлуката на Израел за изградба на нови еврејски населби Западниот Брег е незаконска

Европската унија (ЕУ) нагласи дека одлуката на Израел за изградба на нови еврејски населби на окупираниот Западен Брег, според меѓународното право, е незаконска.

Во објавеното писмено соопштение од канцеларијата на високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини се привлекува внимание дека планот на Израел за изградба на приближно 4.600 нови станови на окупираниот Западен Брег ќе му наштети на процесот за решение со две држави.

Во соопштението се вели следното: „Ставот на Европската унија (ЕУ) во врска со политиката на населбите на Израел на окупираните палестински територии, е јасен и не е променет. Според ЕУ сите активности во врска со населбите, спроед меѓународното право, се незаконски.“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно изјави дека доколку победи на изборите на 9 април и повторно седне на премиерската фотелја ќе ги „анектира“ незаконските еврејски населби на окупираниот Западен Брег.

Освен тоа Нетанјаху соопшти дека ќе изградат и нови населби.

Инаку, на Западниот Брег кој беше окупиран од страна на Израел во 1967 година, се наоѓаат приближно 250 незаконски еврејски населби и овде живеат повеќе од 400 илјади еврејски доселеници.

Според меѓународното право, сите еврејски населби на окупираните палестински територии се сметаат за незаконски.



Слични вести