Ситуацијата во Судан неизвесна: Армијата го присилува претседателот Бешир на оставка

Двајца анонимни високи функционери на владата и армијата изјавија за Асошиетед прес (АП) дека армијата го присилува претседателот Омар ал Бешир да поднесе оставка, а условите во врска со јасниот обид за преземање на власта ја зачувуваат неизвесноста

1181502
Ситуацијата во Судан неизвесна: Армијата го присилува претседателот Бешир на оставка
sudan.jpg
sudan ordu1.jpg

Продолжува неизвесноста во Судан каде што армијата ги опколи зградите на државната телевизија и на официјалната нофинцска агенција „СУНА“.

Суданската државна телевизија Ал Мајаден соопшти дека армијата одлучила да ги разреши од власт претседателот Омар ал Бешир и владата.

Истата телевизија истакна дека армијата во кусо време ќе објави значајно соопштение.

Двајца високи функционери на владата и армијата кои побарале да останат анонимни, изјавија за новинската агенција Асошиетед прес (АП) дека армијата го присилува претседателот Омар ал Бешир да поднесе оставка, а од друга страна условите во врска со јасниот обид за преземање на власта ја зачувуваат својата неизвесност.

Истите анонимни функционери истакнаа дека во моментов се водат разговори по прашањето на формирање на преодна влада во Судан.

Воени оклопни возила ги опколиле и куќите на браќата на суданскиот претседател Омар ал Бешир, во градот Картум Бахри, северно од главниот град Картум.

Меѓу оние чии куќи се опколени од армијата се наоѓала и куќата на Абдулах ал Бешир кој од страна на опозиционерите се оценува како „глава на корупцијата во земјата“.

Пристигнуваат вести дека од страна на единиците за разузнавање се притворени повеќе од 100 функционери на владејачката Партија на Националниот конгрес. 

Останатите политички затвореници пак, биле ослободени.

Според објавените вести во суданскиот печат, откако армијата утрово ги опколи зградите на државната телевизија и државното радио, се сопрени летовите од аеродромот во главниот град Картум и на авионите им било дозволено само да слетуваат.

На улиците биле распоредени војници и припадници на Силите за брза поддршка кои делуваат во склопот на армијата. 

Патиштата кои што водат за претседателскиот дворец во главниот град Картум биле блокирани со воени оклопни возила.

На повик на Стручните комори во Судан илјадници опозиционери излегле на плоштадите.

Во објавеното соопштение од амбасадата на Турција во Картум се истакнува дека настаните се следат одблизу и се бара од турските граѓани да останат во своите домови до смирување на ситуацијата. 

Инаку, протестите кои што по поскапувањето на цената на лебот на 19 декември минатата година започнаа во Судан во градовите Атбера и Порт Судан на западниот брег на реката Нил, го запалија фитилот на економската криза, по што во кусо време се претворија во протести против режимот и се проширија низ целата земја, на чело со главниот град Картум.

 

 



Слични вести