Приведен основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж

Ваквата одлука е донесена по обидите за прикривање на тврдењата дека претседателот на Еквадор Ленин Морено, ги користел сметките на офшор компанијата на брат му

1181434
Приведен основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж

Џулијан Асанж, основачот на меѓународниот болг сајт „Викиликс“ беше приведен во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што живееше од 2012 година наваму.

Во соопштението на британската полиција беше истакнато дека по повлекувањето на азилот од страна на Еквадор што му го имаше дадено, Асанж беше приведен во Амбасадата на Еквадор во Лондон.  

Од друга страна „Викиликс“ смета дека Еквадор незаконски го повлече правото на азил за Асанж.

Според минатонеделното соопштение на „Викиликс“, висок функционер на Еквадор најавил дека согласно договорот кој беше постигнат со Велика Британија, во прашање се денови, можеби и часови кога Асанж ќе биде изваден пред зградата на Амбасадата и ќе биде приведен“.

Во соопштението објавено на интернет-страницата на меѓународната организација се истакнува дека ваквата одлука е донесена по обидите за прикривање на тврдењата дека претседателот на Еквадор Ленин Морено, ги користел сметките на офшор компанијата на брат му.

Асанж, кој преку својата интернет-страница на светската јавност и објави голем број дописи од Американското Министерство за надворешни работи и предизвика голем број дискусии во светот, од 2012 година досега живееше во една соба во Амбасадата на Еквадор во лондонската населба Најтсбриџ.

Британскиот суд во 2010 година донесе одлука на да ѝ го испорача Асанж на Шведска, кој беше обвинет за силување на две жени.

По одлуката за екстрадиција на Шведска во јуни 2012 година, земајќи го во предвид фактот дека во тој случај од Шведска може да биде испорачан во САД, Асанж побара азил во Амбасадата на Еквадор во Лондон.

Еквадор го прифати барањето на Асанж за политички азил и му додели државјанство.



Слични вести