Поддршка од ЕУ на прекинот на огнот во Либија и политичкиот процес под водство на ОН

Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна полтика Федерика Могерини оствари телефонски разговор со претседателот на претседателскиот совет на Владата на национално единство на Либија Фајез ал-Сараџ

1181474
Поддршка од ЕУ на прекинот на огнот во Либија и политичкиот процес под водство на ОН

Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна полтика Федерика Могерини истакна дека Европската унија (ЕУ) дава поддршка на враќањето кон политичкиот процес во Либија што се води под водство на Обединетите нации (ОН).

Според објавеното соопштение од Одделот за надворешни работи на Европската унија (ЕУ), високата претставничка Могерини остварила телефонски разговор со претседателот на претседателскиот совет на Владата на национално единство на Либија Фајез ал-Сараџ.

Во соопштението се вели дека во разговорот Могерини ја доставила до својот соговорник Сараџ поддршката на Европската унија (ЕУ) по прашањето на сопирањето на војната и враќањето кон политичкиот процес во земјата, под водство на Обединетите нации (ОН). 

Инаку, лидерот на воените сили во источниот дел на Либија генералот Халифа Хафтар на 4 април издаде наредба за заземање на главниот град Триполи, а потоа воените единици на Владата на национално единство започнаа операција против силите на Хафтар.

Силите лојални на генералот Халифа Хафтар во изминативе денови влегоа во областите Сабрата, Сурман, Гирјан и ел-Асабиа, по што пристигнаа до 27'мата безбедносна точка помеѓу градовите Завије и Џанзур, западно од главниот град Триполи.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека по започнатиот напад од страна на силите лојални на генералот Хафтар за заземање на Триполи во последните 3 дена во судирите во Либија животот го загубија 47 лица, а 181 лице се ранети.



Слични вести