Азербејџан ќе води разговори со Ерменија и Русија за Нагорно Карабах

Претседателите ан двете земји на министрите за надворешни работи им издадоа инструкции наскоро да се состанат и да ги продолжат преговорите

1181458
Азербејџан ќе води разговори со Ерменија и Русија за Нагорно Карабах

Министерот за надворешни работи на Азербејџан Елмар Мемедјаров и ерменскиот министер за надворешни работи Зохраб Мнацканјан на 15 април во Москва ќе се состанат со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

По средбата на азербејџанскиот претседател Илхам Алијев со ерменскиот претседател Никол Пашинјан на 29 март во Виена, двајцата претседатели на министрите за надворешни работи им издадоа инструкции наскоро да се состанат и да ги продолжат преговорите.

Прашањето Нагорно Карабах

Гледано од правен аспект иако Нагорно Карабах се наоѓа во границите на Азербејџан, за жал де факто се наоѓа под окупација на Ерменија.

По распаѓањето на Советскиот Сојуз во 1991 година и стекнувањето на републиките во Јужен Кавказ со независноста, меѓу двете нови републики започна крвава војна.

Ерменија во текот на целиот овој процес вклучувајќи и териториите на Нагорно Карабах окупираше 20 отсто од териториите на Азербејџан. Покрај посредничката улога на Русија во смирувањето на страните и прогласувањето примирје во 1994 година и натаму продолжува напнатоста.

Во некои периоди беше прекинато примирјето и областа во која повремено се доживуваа локални судири стана едно од кризните жаришта на Кавказ.



Слични вести