Армијата во Судан ја опколи зградата на државата телевизија, а некои војници влегоа внатре
Суданската државна телевизија Ал Мајаден соопшти дека армијата одлучи да ги разреши од власт претседателот Омар ал Бешир и владата и дека армијата во кусо време ќе објави значајно соопштение

Армијата во Судан ја опколи зградата на државната телевизија, а некои војници влегоа во зградата.
Суданската државна телевизија Ал Мајаден соопшти дека армијата одлучила да ги разреши од власт претседателот Омар ал Бешир и владата.
Истата телевизија истакна дека армијата во кусо време ќе објави значајно соопштение.
Политички извори пак, соопштуваат дека почнале да се притвораат лидерите на владејачката Партија на Националниот конгрес.
Инаку, протестите кои што по поскапувањето на цената на лебот на 19 декември минатата година започнаа во Судан во градовите Атбера и Порт Судан на западниот брег на реката Нил, со што фитилот на овие протести беше запален со економската криза, по што во кусо време овие протести се претворија во протести против режимот и се проширија низ целата земја, на чело со главниот град Картум.