Армијата изврши воен удар во Судан: Врховниот воен совет ја презеде власта

Суданскиот министер за одбрана Авад бин Авф соопшти дека Врховниот воен совет ја презеде власта и дека е прогласена тримесечна вонредна состојба во земјата

1181570
Армијата изврши воен удар во Судан: Врховниот воен совет ја презеде власта

Армијата во Судан изврши воен удар...

Суданскиот министер за одбрана Авад бин Авф соопшти дека Врховниот воен совет ја презеде власта во земјата.

Министерот за одбрана Авф го прочита соопштението за воен удар преку државната телевизија и истакна дека претседателот Омар ал Бешир се наоѓа во нивни раце и дека е во безбедност.

Министерот бин Авф соопшти дека со земјата во текот на 2 години ќе управува Воениот совет, дека по преодниот процес ќе се одржат избори и дека Уставот е суспендиран.

Суданскиот министер за одбрана воедно истакна дека воздушниот простор и граничните премини ќе останат затворени во текот на 24 часа и дека се распуштени владата, Парламентот и провинциските управи.

Во Судан е прогласена тримесечна вонредна состојба.

Во земјата е воведен полициски час, односно забрана за излегување на улица по 19 часот вечер, во текот на 1 месец.

Во меѓувреме, суданските активисти упатија повик за продолжување на протестите против суданскиот министер за одбрана Авад бин Авф.

Инаку, утрово армијата ги опколи зградите на државната телевизија, државното радио и на официјалната нофинцска агенција „СУНА“.

Суданската државна телевизија Ал Мајаден соопшти дека армијата одлучила да ги разреши од власт претседателот Омар ал-Бешир и владата.

На улиците беа распоредени армиските едини и припадници на Силите за брза поддршка кои делуваат во склопот на армијата, додека патиштата кои што водат до рпетседателскиот двроец во главниот град Картум беа блокирани со оклопни возила. 

 



Слични вести