На протестите во главниот град на Судан, Картум досега загинаа 21 лице, а над 150 се повредени

За време на интервенцијата на безбедносните сили на протестите кои што се одржуваат во околината на армискиот штаб во главниот град Картум, од саботата досега животот го загубија 21 лице од кои 5 војници, а 153 лица се повредени

1180880
На протестите во главниот град на Судан, Картум досега загинаа 21 лице, а над 150 се повредени

На протестите кои што се одржуваат во главниот град на Судан, Картум во околината на централниот кампус на националната армија, од саботата досега животот го загубија 21 лице од кои 5 мина војници.

Опозицискиот Комитет на централните доктори на Судан во објавеното соопштение преку социјалната медија истакна дека за време на интервенцијата на безбедносните сили на протестите кои што се одржуваат во околината на армискиот штаб во главниот град Картум, од саботата досега животот го загубија 21 лице од кои 5 војници, а 153 лица се повредени.

Комитетот укажа на тоа дека здравствената состојба на некои од повредените е сериозна и дека се стравува од можноста за зголемување на бројот на загинатите.

Големиот број демонстранти кои се собраа во околината на централниот кампус на националната армија во главниот град Картум, од саботата одржуваат протести на кои ја бараат оставката на претседателот Омар ал-Бешир.

Инаку, Судан станува сцена на протести уште од 19 декември 2018 година на кои се протести против скапиот живот и се бара од претседателот Омар ал-Бешир да поднесе оставка.



Слични вести