Владата на национално единство во Либија ја воспостави контролата во некои места во Триполи

Единиците на Владата на национално единство кои започна операција против силите лојални на генералот Халифа Хафтар, повторно ја воспоставила контролата во некои места во главниот град Триполи

1179665
Владата на национално единство во Либија ја воспостави контролата во некои места во Триполи

Владата на национално единство во Либија повторно ја воспостави контролата во некои места во главниот град Триполи.

Во објавеното соопштение преку социјалната медија во врска со операцијата „Буркан ал-Гадаб“ “Вулкан на гневот“ на Владата на национално единство, се истакнува дека е одбиен нападот на силите лојални на Халифа Хафтар од источниот дел на главниот град Триполи и другите градови.

Во соопштението се вели дека единиците на Владата на национално единство ја воспоставија контролата во Јермук на југот на Триполи и во воените бази Ес-Севарих во источниот дел, така да моментално ги следат силите на Хасфтар кои се окарактеризираат како „остатоци од пучистите“.

Во меѓувреме, по извршениот напад од страна на воените авиони на силите лојални на генералот Халифа Хафтар се сопрени летовите на меѓународниот аеродром Митига во главниот град Триполи.

Халид Бугарсе, одговорен за печат на аеродромот Митига, изјави дека биле евакуирани патниците од аеродромот и дека летовите се суспендирани.

Воени авиони на генералот Хафтар вчера за прв пат извршија воздушен напад на аеродромот Митига, кој е единствениот цивилен аеродром кој работи во главниот град Триполи.

Едините на Владата на национално единство на Либија завчера започнаа операција против силите лојални на генералот Халифа Хафтар кои во четвртокот преминаа во напад за заземање на главниот град Триполи.

Во објавеното соопштение од Министерството за здравство на Владата на национално единство беше истакнато дека во судирите во Триполи загинаа 21 лице, а 27 лица се ранети.



Слични вести