Средба Меркел-Меј во Берлин со дневен ред Брегзит

Двете премиерки Ангела Меркел и Тереза Меј за позирање за новинарите излегоа пред владината зграда, а потоа преминаа на средба затворена за медиумите која што траеше приближно еден и пол час

1180120
Средба Меркел-Меј во Берлин со дневен ред Брегзит

Германската канцеларка Ангела Меркел се состана со британската премиерка Тереза Меј која допатува во посета на Берлин.

Меркел гостинската премиерка ја пречека во владината зграда.

Двете премиерки за позирање за новинарите излегоа пред владината зграда, а потоа преминаа на средба затворена за медиумите.

По средбата која што траеше приближно еден и пол час, германската канцеларка Ангела Меркел ја испрати британската премиерка Терреза Меј до вратата на владината зграда.

Во врска со содржината на средбата не беше објавено соопштение.

Во објавените вести во германскиот печат се истакнува дека двете лидерки сакаат да го спречат одделувањето на Велика Британија од Евроопската унија (ЕУ) т.ј. Брегзит на 12 април, без постигнување договор и се вели дека Меркел и Меј размениле мислења пред Лидерскиот самит на ЕУ што ќе се одржи утре во Брисел, со дневен ред Брегзит. 

Во вестите се потсетува дека британската премиерка Тереза Меј претходно побара Брегзит да биде одложен до 30 јуни.

Британската премиерка Тереза Меј по посетата на Берлин, ќе замине за Париз каде што се очекува да се состане и со францускиот претседател Емануел Макрон.

Инаку, Договорот за Брегзит постигнат меѓу Велика Британија и Европската унија (ЕУ) три пати беше одбиен во британскиот Парламент.

На одржаните гласања на иницијатива на пратениците не можеше да се добие поддршка од мнозинството пратеници за сценариото за Брегзит.

Согласно постигнатиот договор меѓу Велика Британија и Европската унија (ЕУ), Брегзит т.ј. излезот на Британија од Унијата кој што во нормални услови требаше да се оствари на 29 март, беше одложен до 12 април.

На Лидерскиот самит на Европската унија (ЕУ) што ќе се одржи утре со дневен ред Брегзит, се предвидува Велика Британија да побара ново одложување од Унијата.

Велика Британија на одржаниот референдум на 23 јуни 2016 година одлучи да се оддели од Европската унија (ЕУ).

Потоа оваа земја на 29 март 2017 година го активира членот 50 од Договорот од Лисабон со кој се регулира процесот на одделување на земјите членки од ЕУ, со што беше започнат процесот на преговори кој што траеше 2 години и Велика Британија на 29 март оваа година требаше официјално да ја напушти Унијата.



Слични вести