Владата на националано единство на Либија започна операција против силите на Хафтар

Владата на национално единство на Либија започна операција против силите лојални на генералот Халифа Хафтар кои тргнаа во напад за заземање на главниот град Триполи.

1178685
Владата на националано единство на Либија започна операција против силите на Хафтар

Портпаролот на единиците лојални на Владата на национално единство на Либија Мухамед Кануну на одржаната прес конференција во Триполи соопшти дека силите на Владата на национално единство започнаа операција против силите лојални на генералот Халифа Хафтар.

Кануну истакна дека операцијата наречена „Буркан ал-Гадаб“ (Вулкан на гневот) има за цел да се исчистат илегално заземените области од страна на напаѓачите.

Велејќи дека силите на Хафтар извршија „неуспешен воен удар за нарушување на легалноста“, Кануну нагласи дека силите на Владата на национално единство располагаат со способност да го одбрана Триполи и сите градови.

Тој рече дека биле заробени голем број лица од силите на Хафтар и нарекувајќи ги приврзаниците на Хафтар „излажени лица“ ги повика да го положат оружјето.

Во меѓувреме, единциите лојални на Владата на национално единство соопштија дека повторно до зазеле меѓународниот серодром во Триполи кој што претходно беше заземен од страна на либиската национална армија лојална на генералот Халифа Хафтар.

Силите лојални на Халифа Хафтар пак, засега не објавија било какво соопштение по ова прашање.

Од друга страна во објавеното соопштение од страна на Министерството за здравство на Владата за национално единство преку социјалната мрежа Фејсбук се истакнува дека во судирите во Триполи кои што продолжуваат од четвртокот загинаа 21 лица, а 27 лица се ранети.

Како што се вели меѓу загинатите има и цивили.

Инаку, лидерот на воените сили во источниот дел на Либија генералот Халифа Хафтар на 4 април, во четвртокот, соопшти дека започнува напад за заземање на Триполи.



Слични вести