Повик од ЕУ за намалување на тензијата во Либија и враќање на преговарачката маса

Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини повика на намалување на растечката тензија во Либија и враќање на преговарачката маса

1179224
Повик од ЕУ за намалување на тензијата во Либија и враќање на преговарачката маса

Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини пред состанокот на Советот за надворешни работи во Луксембург даде изјави и упати повик за намалување на растечката тензија во Либија и за враќање на преговарачката маса.

Истакнувајќи дека пред доближувањето на лидерот на воените сили во источниот дел на Либија генералот Халифа Хафтар кон глваниот град Триполи треба да се вопостави безбедноста на цивилите во областа, Могерини рече: „Либиските лидери треба да избегнуваат од зголемување на воената тензија и треба да се вратат на преговарачката маса.“

Инаку, лидерот на воените сили во источниот дел на Либија генералот Халифа Хафтар на 4 април, во четвртокот, соопшти дека започнале напад за заземање на Триполи.

Претседателот на претседателскиот совет на Владата на национално единство на Либија Фајез ал Сараџ  пак, во својство на Врховен командант испрати телеграма до Генералштабот и ја задолжи Командата на воздушните сили да реализира воздушни напади, а како што беше истакнато за одбрана на животот на цивилите пред заканите.



Слични вести