Нетанјаху најави анектирање и на незаконските еврејски населби на окупираниот Западен Брег

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакна дека доколку победи на предвремените општи избори закажани за 9 април планира да ги анектира кон Израел незаконските еврејски населби на окупираниот Западен Брег

1178525
Нетанјаху најави анектирање и на незаконските еврејски населби на окупираниот Западен Брег

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во програмата на израелската телевизија "Канал 12" даде изјави во однос на актуелниот дневен ред.

Нетанјаху истакна дека доколку повторно седне на премиерската фотелја планира да ги анектира кон Израел незаконските еврејски населби на окупираниот Западен Брег.

Давајќи пораки кон бирачите од десницата кои ќе ја определат судбината на предвремените општи избори кои што ќе се одржат во земјатана 9 април, во вторник, Нетанјаху рече: "Независната држава Палестина претставува закана за постоењето на Израел. Нема да го поделам Ерусалим, а нема да ги испразнам и еврејските населби."

На прашањето на водителот на програмата "Зошто слично со анектирањето кон Израел на Источен Ерусалим и Голанските висорамнини, не ги анектиравте кон Израел и незаконските еврејски населби во Западниот Брег?", Нетанјаху одговори: "Прашувате дали ќе преминеме на следната фаза. Да ќе преминеме на следната фаза и нив ќе ги анектирам кон Израел."

Инаку, на Западниот Брег кој беше окупиран од страна на Израел во 1967 година има приближно 250 незаконски еврејски населби и таму живеат повеќе од 400 илјади еврејски доселеници.

Според меѓународното право, сите еврејски населби на окупираните територии се сметаат за незаконски.



Слични вести