Во Нов Зеланд се одржа првото рочиште од судскиот процес против терористот Брентон Тарант

28-годишниот терорист Тарант кој се држи во самостојна ќелија во затворот Окленд, најобезбедениот затвор во земјата, на судското рочиште присуствуваше од самицата преку воспоставена видео-врска

1177483
Во Нов Зеланд се одржа првото рочиште од судскиот процес против терористот Брентон Тарант

Во Високиот суд во Крајстчерч се одржа првото рочиште од судскиот процес против терористот Брентон Тарант кој во реализираниот терористички напад на 15 март на двете џамии, Нур и Линвуд во градот Крајстчерч во Нов Зеланд измасакрира 50 лица, а уште толку лица рани. 

28-годишниот терорист Тарант кој се држи во самостојна ќелија во затворот Окленд, најобезбедениот затвор во земјата, на судското рочиште присуствуваше од самицата преку воспоставена видео-врска. 

Судијата на Високиот суд во Крајстечерч Камерон Мандер пресуди терористот за кого е одлучено да му се суди со обвинение за 50 извршени убиства и за 39 обиди за убиство, до следната расправа закажана за 14 јуни да остане во затвор во затворот Окленд.

Судијата Мандер исто така донесе одлука терористот да биде подложен на  два одделни тестови за ментално здравје, а со цел да се одлучи дали е подготвен за судење.

Судијата Мандер нагласи дека тестовите за ментално здравје кои што се побарани се нормални процедури и дека не треба да се извлекуваат други поинакви значења од тоа.

Инаку, во реализираниот терористички напад на 15 март на двете џамии, Нур и Линвуд во градот Крајстчерч во Нов Зеланд беа измасакрирани 50 лица, меѓу кои има и жени и деца, а уште толку лица беа ранети.



Слични вести