Расте тензијата во Либија: Владата на национално единство прогласи вонредна состојба во земјата

Пензионираниот генерал Хафтар кој зазеде некои области во источниот дел на земјата, соопшти дека започнал напад за заземање и на главниот град Триполи, по што претседателскиот совет на Владата на национално единство во Либија прогласи вонредна состојба

1177825
Расте тензијата во Либија: Владата на национално единство прогласи вонредна состојба во земјата

Расте затегнатоста во Либија каде што претседателот на претседателскиот совет на Владата на национално единство во Либија прогласи вонредна состојба.

Пензионираниот генерал Халифа Хафтар кој зазеде некои области во источниот дел на земјата, соопшти дека започнал напад за заземање и на Триполи.

Хафтар кој држи под контрола една значајна област во источниот дел на Либија објави видео снимка во која издава наредба за започнување офанзива кон главниот ргад Триполи. 

Од друга страна, продолжува и борбата за стопирање на силите лојални на генералот Хафтар, поради што е прогласена вонредна состојба во земјата. 

Претседателот на претседателскиот совет на Владата на национално единство на Либија Фајез ал Сараџ и нареди на Командата на воздушните сили да реализира воздушни напади.

Сараџ издаде наредба за употреба на сила, а со цел да се заштитат животите на цивилите.

Либиското министерство за внатрешни работи исто така соопшти дека за случувањата ќе бидат одговорни силите лојални на генералот Хафтар кои реализираа напад.

По ваквиот развој на случувањата, Турција повилка да се почитува духот на Националниот компромис на Либија формиран со Политичкиот договор за Либија што беше потпишан во 2015 година.

Во објавеното соопштение од турското Министерство за надворешни работи се вели следното: „Значајно е да се избегнува од иницијативи кои ќе му наштетат на духот на Националниот компромис на Либија.“  

Исто така се додава дека постоечката поделеност би можела да се надмине по пат на дијалог.

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес кој по повод мировните разговори престојува во Либија истакна дека кризата во оваа земја би можела да се реши по пат на дијалог.

Воедно и во објавеното соопштение од Мисијата на Европската унија (ЕУ) во Либија се упатува повик за итно воспоставување на спокојството и ставање крај на провокативните активности.  

Соединетите Американски Држави (САД), Франција, Велика Британија, Италија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) објавија заедничко соопштение со кое соопштија дека се против воена интервенција во Либија.

Велика Британија го повика на итен состанок Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОБ) по ова прашање.

 



Слични вести