Во нападите на сириските режимски сили во подрачјето на Идлиб загинаа најмалку 11 цивили

Силите на сирискиот режим и странски терористички групи реализираа напади врз цивилни населени места во подрачјето на градот Идлиб и градовите Алепо и Хама во кои според првични претпоставки загинаа најмалку 11 цивили, а 25 цицили се ранети

1177106
Во нападите на сириските режимски сили во подрачјето на Идлиб загинаа најмалку 11 цивили

Во реализирани напади од страна на режимските сили на Бешар Асад на еден пазар во "областа за намалување на затегнатоста (деескалација) во подрачјето на градот Идлиб" во Сирија, според првични претпоставки животот го загубија најмалку 10 цивили, а 25 цивили се ранети.

Силите составени од армијата на сирискиот режим и странските терористички групи поддржани од Иран реализираа напади врз населените места Кефренбил, Маратинуман и Серакиб и на селото Хан ес Субул во подрачјето на градот Идлиб и врз населеното место Кефер Зита во подрачјето на градот Хама, кои инаку се наоѓаат во границите на "областа за намалување на затегнатоста (деескалација) во подрачјето на градот Идлиб". Во нападот во Маратинуман животото го загуби еден цивил.

Според добиени информации од локални и болнички извори пак, во реализиран напад на еден пазар во населеното место Кефренбил според првични претпоставки загинаа 10 цивили, а 25 цивили се ранети. 

Екипите за Цивилна одбрана (Белите беретки) ги продолжуваат активностите за пребарување и спасување.

Се стравува од можноста од зголемување на загинатите и ранетите. 

Во реализираните напади од страна на Асадовиот режим и терористичките групи поддржани од Иран во текот на месец март животот го загубија вкупно 135 цивили. Режимските сили убија вкупно 59 цивили од кои 34 во Идлиб, 16 во западниот дел на Алепо и 9 во руралното подрачје на Хама кои инаку се наоѓаат во границите на "областа за намалување на затегнатоста (деескалација) во подрачјето на градот Идлиб", додека во воздушните напади реализирани од страна на Русија која го поддржува режимот се убиени 76 цивили.

Режимските сили, и покрај потпишаниот договор од Сочи на 17 септември 2018 година помеѓу Турција и Русија за зацврстување на прекинот на огнот во Идлиб, повремено ги продолжуваат нападите. Согласно постигнатиот договор во Астана, Русија како гаранторска земја за Асадовиот режим, е обврзана за спречување на режимските напади.

 

 



Слични вести