Во напад на талибанските милитанти во Авганистан загинаа 30 припадници на безбедносните сили

Локалниот функционер на Бала Мургаб Абдул Варис Ѓирзад во ддаената изјава за Новинската агенција Анадолија (АА) истакна дека милитантите на Талибан на центарот на Бала Мургаб извршиле напад од четири страни

1177332
Во напад на талибанските милитанти во Авганистан загинаа 30 припадници на безбедносните сили

Во реализиран напад од страна на талибанските милитанти на населеното место Бала Мургаб во провинцијата Бадгис во западниот дел на Авганистан загинаа 30 припадници на безбедносните сили.

Локалниот функционер на Бала Мургаб Абдул Варис Ѓирзад во дадената изјава за Новинската агенција Анадолија (Anadolu Agency-AA) истакна дека милитантите на Талибан на центарот на Бала Мургаб извршиле напад од четири страни.

Велејќи дека во нападот загинале 30 припадници на безбедносните сили, Ширзад рече дека биле ранети и заробени и голем број припадници на безбедносните сили.

Ширзад нагласи дека источниот дел на населеното место преминал под контрола на организацијата.

Во објавеното соопштение и од губернијата на Бадгис беше истакнато дека во вооружениот судир по нападот биле убиени голем број членови на организацијата.  

Портпаролот на Талибан Забихулах Муџахит пак, тврдеше дека по нападот била воспоставена контролата над 5 станици на безбедносните сили.



Слични вести