ЕП ја изгласа регулативата за обостран безвизен режим за граѓаните на Велика Британија и ЕУ

Регулативата за  безвизен режим за граѓаните на Велика Британија и ЕУ по Брегзит, под услов тоа да се применува обострано, во Генералното Собрание на Европскиот парламент (ЕП) беше изгласана со 502 гласа „за“ наспроти „81 глас „против“

1177251
ЕП ја изгласа регулативата за обостран безвизен режим за граѓаните на Велика Британија и ЕУ

Европскиот парламент (ЕП) ја одобри регулативата за обострана визна либерализација (обезбедување на безвизно патување) за граѓаните на Европската унија (ЕУ) и Велика Британија, по Брегзит (излезот на Велика Британија од ЕУ).

Генералното Собрание на Европскиот парламент се состана во главниот град на Белгија, Брисел, и го разгледа прашањето за обострано патување без виза (безвизен режим) за граѓаните на Велика Британија и ЕУ, по Брегзит. 

Регулативата за  безвизен режим за граѓаните на Велика Британија и Европската унија (ЕУ) по Брегзит, под услов тоа да се применува обострано, во Генералното Собрание на Европскиот парламент (ЕП) беше изгласана со 502 гласа „за“ наспроти „81 глас „против“.

Согласно регулативата, граѓаните на Велика Британија и Европската унија (ЕУ) по Брегзит обострано ќе можат да влегуваат без визи во рок од 90 дена, во текот на 180 дена.

Регулативата се очекува да биде официјално одобрена во Советот на Европската унија (ЕУ) и да биде објавена во Службениот весник на Европската унија (ЕУ) пред 12 април и потоа да стапи во сила.

 



Слични вести