Билансот на жртвите во поплавите во Иран се искачи на 70 лица

Бројот на загинатите поради поплавите предизвикани од поројните врнежи од дожд кои зафатија 25 од вкупно 31 провинција во Иран се зголеми на 70 лица, а 768 лица се повредени

1177118
Билансот на жртвите во поплавите во Иран се искачи на 70 лица

Претседателот на Центарот за итни состојби на Иран Пир Хусејин Коливенд во дадената изјава за иранската државна телевизија истакна дека бројот на загинатите поради поплавите предизвикани од поројните врнежи од дожд кои зафатија 25 од вкупно 31 провинција во земјата, се зголеми на 70 лица.

Коливенд рече дека бројот на жртвите во катастрофата од поплави досега изнесува вкупно 70 лица од кои 23 лица во провинцијата Фарс, 14 во Лористан, 8 во Ѓулистан, 5 во Мазендеран, 5 во Хемедан, 3 во Северен Хорасан, 3 во Кохгилује-Бујер и по едно лице во провинциите Резерви Хорасан, Симнан, Хузистан, Кирманшах, Илам, Кум, Исфахан, Кезвин и Зинџан.

Велејќи дека не можат да се добијат информации од 4 лица во провинцијата Хузистан, Мазендеран и Лористан, Коливенд рече дека во земјата биле повредени и 768 лица.

Катастрофата од поплави предизвикани од поројните врнежи од дожд кои од 17 март владеат во 25 провинции во Иран, беа причина за големи штети и човечки загуби.

Претседателот на Институцијата за судска медицина на Иран Ахмед Шуџаи вчера соопшти дека бројот на загинатите во катастрофата од поплави во земјата изнесува 62 лица.

Турската Црвена полумесечина „Кизилај“ која стапи во акција за доставување помош на Ирак каде што поради катастрофата од поплави постои потреба од хуманитарна помош, пред кусо време во оваа соседна земја испрати различни материјали за помош и своја експертска екипа.

Турската Црвена полумесечина „Кизилај“, во понеделникот со заедничка организација на иранската Црвена полумесечина во областите погодени од елементарната непогода испрати 5 шлепери натоварени со материјали за хуманитарна помош.



Слични вести