Укинат имунитетот на самопрогласениот привремен претседател на Венецуела Хуан Гуаидо

на одржаната вонредна седница на Основачкото Собрание на Венецуела со поддршка на сите паркламентарци е прифатено барањето на претседателот на Врховниот суд на Венецуела Мајкел Морено за укинување на имунитетот на Гуаидо

1175947
Укинат имунитетот на самопрогласениот привремен претседател на Венецуела Хуан Гуаидо

Укинат имунитетот на претседателот на Националното Собрание на Венецуела Хуан Гуаидо кој себе си се прогласи за привремен претседател на државата.

Продолжува да функционира покренатиот судски процес во врска со Гуаидо кој со поддршка на голем број западни и латиномаерикански земји, а пред се на Соединетите Американски Држави (САД) и на армијата во земјата се обидува да ја промени власта со улични протести.

Основачкото Собрание, како единствен надлежен законодавен орган во земјата, одржа вонредна седница под претседателство на Диосдадо Кабело на која беше разгледано барањето на претседателот на Врховниот суд на Венецуела Мајкел Морено за укинување на имунитетот на Гуаидо.

На седницата, со поддршка на сите парламентарци беше прифатено барањето за укинување на имунитетот на Хуан Гуаидо, за функционирање на законскиот процес кој што беше започнат поради тоа што и покрај забраната за излегување од земјата тој замина за Колумбија.

По оваа одлука на Основачкото Собрание се очекува Врховниот суд да го започне судскиот процес против Гуаидо. 

Инаку, претседателот на Националното Собрание на Венецуела Хуан Гуаидо кој на одржаниот протестен митинг на 23 јануари во главниот град Каракас положи заклетва и себе си се прогласи за привремен претседател на државата, еден ден пред иницијативата на САД за внесување во Венецуела на материјалите за „хуманитарна помош“  на 23 февруари кои што беа донесени во Колумбија, премина во оваа соседна земја.  

Гуаидо за кого се смета дека преминал во Колумбија по патеките на границата кои што се под контрола на илегалните колумбиски вооружени групи, воедно беше наведено дека во Колумбија преминал со поддршка на армијата.

По Колумбија, Хуан Гуаидо ги посети и Бразил, Парагвај, Аргентина и Еквадор по што на 4 март се врати во венецуела и слободно без било какви проблеми влезе во Венецуела.

 



Слични вести