НАТО одбележува 70 години од своето формирање во 1949 година

НАТО Алијансата која е формиран на 4 април 1949 година со 12 основачки земји членки во главниот град на САД, Вашингтон, по 70 години го продолжува својот пат со 29 земји членки, а со приемот и на Северна Македонија ќе стане Сојуз со 30 членки

1176579
НАТО одбележува 70 години од своето формирање во 1949 година

Денеска се одбележуваат 70 години од формирањето на НАТО кој се истакнува на преден план како воен и одбранбен сојуз со најдолг животен век на меѓународната арена.

НАТО Алијансата која е формиран на 4 април 1949 година со 12 основачки земји членки во главниот град на Соединетите Американски Држави (САД), Вашингтон, по 70 години го продолжува својот пат со 29 земји членки.

Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО) чиј главен штаб се наоѓа во белгискиот главен град Брисел, со пристапувањето и на Северна Македонија, се подготвува да стане Сојуз со 30 земји членки.

НАТО својата основна цел ја дефинира како гарантирање на независноста и безбедноста на земјите членки, со посредство на воени и политички методи, а тоа што овој Сојуз го прави екслузивен е неговото ветување за заедничка одбрана позната како член број 5.

Согласно овој член НАТО ветува да ги одбрани своите членки од одреден напад или одредена закана за напад и во случај да биде извршен напад врз една негова членка тоа да се смета како извршен напад врз сите негови членки.

На состанокот што ќе трае два дена (денеска и утре) Турција ја претставува министерот з анадворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Чавушоглу имаше свое орбаќање пред делегациите на седницата под наслов „НАТО се сплотува“, а на седницата под наслов „Улогата на Турција во НАТО и регионалната безбедност“ ќе говори за очекувањата на Турција од Сојузот.

За време на состанокот по повод одбележувањето на 70-годишнината од формирањето на НАТО, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ќе оствари и низа билатерални средби и тоа со американскиот државен секретар Мајк Помпео, претседателот на Комитетот за надворешни односи на Претставничкиот Дом Елиот Енгел и со некои американски пратеници.

Претежно на дневен ред на сиве овие средби и разговори ќе се најдат прашањата во врска со противвоздушно одбранбените системи С-400 кои што Турција ги купи од Русија и борбените авиони Ф-35 кои што треба да ги добие од САД.



Слични вести