Ирачкиот премиер Адил Абдулмехди најави посети на Турција и на некои заливски земји

Ирачкиот премиер Адил Абдулмехди најави дека за кусо време ќе оствари посети на Турција и на некои заливски земји

1176064
Ирачкиот премиер Адил Абдулмехди најави посети на Турција и на некои заливски земји

Ирачкиот премиер Адил Абдулмехди за кусо време ќе оствари посети на Турција и на некои заливски земји.

Според веста на ирачката државна телвизија, ирачкиот премиер Адил Абдулмехди говореше на одржаната неделна прес конференција во главниот град Багдад рече: „Не сакаме нашите односи со соседните земји да ги водиме над спорови. Долго време како постојат спорови. Ние како Ирак следиме политика на отворање кон сите земји, на основа на заедничките вредности.“

Абдулмехди истакна дека во тие рамки во наредниот период ќе оствари посети на Турција и на некои заливски земји.

Ирачкиот премиер рече дека денеска во посета на Багдад ќе допатува висока делегација составена од 90 функционери од Саудиска Арабија и напомена дека во наредните две недели ќе замине во посета на наведените земји.

Осврнувајќи се и на деталите на неговата претстојна посета на Ријад, Абдулмехди истакна дека во Саудиска Арабија ќе бидат разгледани прашања како што се билатералните трговски односи, прашањето со царините и посетите за аџилак на Ирачаните.

Ирачкиот премиер Адил Абдулмехди од 26 октомври 2018 година кога дојде на власт досега оствари само една надворешна посета и тоа на Египет.

Во посета на Багдад пак, допатуваа низа високи функционери и делегации од соседните земји и тоа од Иран, Саудиска Арабија, Катар и Аман.



Слични вести