Во напад на Талибан на полициска станица во Авганистан загинаа 8 полицајци

Портпаролот на Полициската управа во Белх Адилшах Адил истакна дека членови на Талибан реализирале напад на една полициска станица во областа Баг-и Палван во Шолгере во кој загинале 8 полицајци, а 5 мина полицајци биле ранети

1175689
Во напад на Талибан на полициска станица во Авганистан загинаа 8 полицајци

Во реализиран напад од страна на Талибан на една полициска станица во населеното Шолгере во провинцијата Белх во северниот дела на Авганистан загинаа 8 припадници на полициските сили.

Портпаролот на Полициската управа во Белх Адилшах Адил истакна дека членови на Талибан реализирале напад на една полициска станица во областа Баг-и Палван во Шолгере.

Велејќи дека во нападот загинале 8 припадници на полициските сили, Адил рече дека 5 мина полицајци биле ранети. 

Во објавеното соопштение од Талибан пак, се тврди дека во нападот загинале 11 припадници на безбедносните сили.



Слични вести