Нова испорака на воена опрема од САД на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК

Според добиени информации од локални извори, синоќа во доцните часови приближно 100 шлепери од Ирак преку граничниот премин Симелка преминаа во Сирија

1175597
Нова испорака на воена опрема од САД на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК

Соединетите Американски Држави (САД) од Ирак во Сирија во областа окупирана од страна на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК со приближно 100 шлепери реализираа испорака на опрема составена од приклучни приколки покриени со церада, танкери и теренски возила. 

Според добиени информации од локални извори, синоќа во доцните часови приближно 100 шлепери од Ирак преку граничниот премин Симелка преминаа во Сирија.

Со шлеперите со приклучни приколки покриени со церада, беа превезувани теренски возила Хамер и танкери.

САД во почетокот и на крајот на февруари два пати со приближно 300 шлепери исто така реализираа испорака од границата со Ирак во областа под окупација на ЈПГ/ПКК во Сирија.

И покрај тоа што е ставено крај на присуството на терористичката организација ДЕАШ во Сирија привлече внимание тоа што во буџетот на САД за одбрана за 2020 година, е одделена голема количина муниција за ЈПГ/ПКК наменета за изработка на бомби. Притоа се појави опасност експлозивот Ц-4 и уредите за експлозивни направи од рачна изработка како детонирачки кабел да бидат употребени од страна на сепаратистичко-терористичката организација во областите кои со операциите Еуфратски штит и Маслиново гранче на Турските вооружени сили (ТВС) се исчистени од терористите. 

Соединетите Американски Држави (САД) под изговор дека водат борба против ДЕАШ од 2015 година наваму и даваат воена поддршка на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, во Сирија се уште располагаат со приближно 2 илјади воен персонал во 18 бази и воени пунктови.

Воедно, сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК продолжува да држи под окупација една третина од териториите на Сирија.



Слични вести