На 6 април на улиците во Венецуела ќе протестираат поддржувачите ѝ на власта ѝ на опозицијата

Во Венецуела каде што се доживува најсериозната политичка криза во историјата на земјата, не се откажуваат од уличните протести ниту власта, ниту опозицијата

1175142
На 6 април на улиците во Венецуела ќе протестираат поддржувачите ѝ на власта ѝ на опозицијата
venezuela.jpg
venezuela bayragi.jpg
venezuela.jpg
venezuela gosteri.jpg

На 6 април кога опозицијата во Венецуела ќе одржи улични протести, на улиците во оваа латиноамериканска земја ќе излезат и поддржувачите на претседателот Николас Мадуро.

Во Венецуела каде што се доживува најсериозната политичка криза во историјата на земјата, не се откажуваат од уличните протести ниту власта, ниту опозицијата.

Претседателот на основачкото Собрание на Венецуела (ANC) и првиот потпретседателот на владејачката Обединета социјалистичка партија на Венецуела (PSUV) Диосдадо Кабело на одржаната прес конференција во главниот град Каракас соопшти дека на 6 април ќе бидат на улица.

Велејќи дека стојат зад чекорите кои што ги фрла претседателот Николас Мадуро, Кабело информира дека на 6 април кога опозицијата ќе излезе на улица и тие ќе бидат на улиците низ целата земја, а како што рече за „одбрана на суверенитетот пред империјализмот“.

Кабело се осврна и на протестите кои што се одржуваат поради колапсот во градската водоводна мрежа поврзано со прекините на електричната струја во главниот град Каракас, и застана во одбрана на тоа дека демонстрантите во некои маала се дојдени од други области.

Инаку, претходно и претседателот на Националното Собрание Хуан Гуаидо кој себе си се прогласи за привремен претседател на Венецуела, ги повика своите приврзаници да излезат на улица на 6 април кога ќе биде започната „Операцијата Слобода“. 



Слични вести