Земјотрес со јачина од 5,4 степени во Аче, на островот Суматра во Индонезија

Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија (БМКГ) и Пацифичкиот центар за предупредување од цунами по земјотресот не издадоа аларм за џиновски бранови, цунами

1174479
Земјотрес со јачина од 5,4 степени во Аче, на островот Суматра во Индонезија

Во провинцијата Аче на островот Суматра во Индонезија се случи земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтер.

Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија (БМКГ), соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓал во морето на 224 километар северозападно од областа Сабанг во провинцијата Аче, на длабочина од 10 километри од површината на земјата.

Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија (БМКГ) и Пацифичкиот центар за предупредување од цунами по земјотресот не издадоа аларм за џиновски бранови, цунами.

Според првични добиени информации, во земјотресот нема загинати или повредени.

Инаку, во разорниот земјотрет што се случи на 28 септември во 2008 година во зеливот Палу на островот Сулавеси со јачина од 7,5 степени според Рихтер и џиновските бранови цунами кои што се појавија по силниот потрес, животот го загубија 4 илјади 340 лица, а десетици илјади лица беа повредени.



Слични вести