Зеленски и Порошенко, во вториот круг од претседателските избори во Украина

Претседателката на Централната изборна комисија Татјана Слипачук соопшти дека дека во вториот круг од претседателските избори закажани за 21 април, ќе се натпреваруваат актерот-комичар Владимир Зеленски и актуелниот претседател Петро Порошенко

1175027
Зеленски и Порошенко, во вториот круг од претседателските избори во Украина

Централната изборна комисија на Украина соопшти дека изборот на новиот претседател на државата остана за вториот круг.

Претседателката на Централната изборна комисија Татјана Слипачук на одржаната прес-конференција истакна дека на претседателските избори во Украина ниту еден од кандидатите не успеал да освие повеќе од 50 отсто од гласовите на бирачите.

Слипачук соопшти дека дека во вториот круг ќе се натпреваруваат актерот-комичар Владимир Зеленски и актуелниот претседател Петро Порошенко.

Таа рече: „Многу е јасно дека ќе има втор круг“, а исто така изјави дека пребројувањето на гласовите продолжува, но дека не може да има некои поголеми промени во резултатите.

Процентот на излезеност на претседателските избори во Украина изнесуваше 62,78 отсто, додека до  12:30 часот по локално време, денеска, се изброени 72,09 отсто од гласовите.

Според добиените резултати од отворените гласачки кутии, актерот-комичар Владимир Зеленски е во водство со 30,44 отсто освоени гласови, додека актуелниот претседател Петро Порошенко е на второто место со освоени 16,15 отсто од гласовите.

Процентот на освоени гласови на фаворизираната поранешната премиерка Јулија Тимошенко изнесува 13,16 отсто од гласовите на украинските бирачи. 

Двајцата кандидати со најмногу освоени гласови во првиот круг, актерот-комичар Владимир Зеленски и актуелниот претседател Петро Порошенко, ќе се натпреваруваат во вториот круг од претседателските избори, што ќе се одржи на 21 април. 

 



Слични вести