Во пожар во автобус во главниот град на Перу, Лима животот го загубија 20 лица

Најмалку 20 патници загинаа во пожар кој што избувнал во еден двоспратен автобус во перуанскиот главен град Лима кој сообраќал на градска линија

1174840
Во пожар во автобус во главниот град на Перу, Лима животот го загубија 20 лица

Во пожар што избувнал во еден автобус во близина на главниот град на Перу, Лима, животот го загубиле 20 лица.

Портпаролот на Пожарникарната служба Левис Мехиа во дадената изјава за локалниот телевизиски канал „N“ истакна дека автобусот почнал да гори во моментот кога застанал по патот, на претходно затворена постојка од страна на надлежните, од каде што особено се качувале во поефтини автобуси лица со пониски примања.

Велејќи дека во автобусот кој што целосно изгорел и бил претворен во пепел животот го загубиле 20 лица, Мехиа рече дека поголемиот дел од загинатите биле патници кои се наоѓале на горниот спрат на автобусот.

Освен тоа беше споделена и информацијата дека автобусот кој сообраќал на градска линија патувал за еден од ргадовите во северниот дел на земјата и дека во автобусот немало боци за гаснење на пожар.

 

 



Слични вести