Путин и Нетанјаху водеа телефонски разговор посветен на ситуацијата на Блискиот исток

Според објавеното соопштение од прес-центарот на Кремљ, претседателот Владимир Путин водеше телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху посветен на ситуацијата на Блискиот исток

1174806
Путин и Нетанјаху водеа телефонски разговор посветен на ситуацијата на Блискиот исток

Рускиот претседател Владимир Путин оствари телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху посветен на ситуацијата на Блискиот исток.

Според објавеното соопштение од прес-центарот на Кремљ, претседателот Путин водеше телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Во соопштението се вели следното: „Во разговорот освен за контактите во однос на воени прашања помеѓу двете, стана збор и за взаемната соработка, како и за актуелни прашања и ситуацијата на Блискиот исток.“

Минатата недела, еден висок израелски функционер наведе дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му доставил на рускиот претседател Владимир Путин план за решавање на сириската криза.

Од друга страна, Кремљ претходно ги отфрли тврдењата во однос на тоа дека Нетанјаху му доставил на Путин еден таков план.



Слични вести