На претседателските избори во Украина најмногу гласови освои актерот-комичар Владимир Зеленски

Според анкетите на излегување од галсачките места, на претседателските избори во Украина води актерот-комичар Владимир Зеленски со освоени 30,4 отсто од гласовите, втор е актуелниот претседател Петро Порошенко со 17,8 отсто гласови

1174529
На претседателските избори во Украина најмногу гласови освои актерот-комичар Владимир Зеленски

Вчера се одржаа претседателски избори во Украина.

Според спроведените анкети на излегување од гласачките места, најголем број гласови освои актерот-комичар Владимир Зеленски, а втор е актуелниот претседател Петро Порошенко. 

На претседателските избори кои беа одржани вчера поради истекот на мандатот на актуелниот претседател на Украина Петро Порошенко, учествуваа 39 кандидати за избор на новиот претседател на државата.

Гласачките места беа затворени во 20:00 часот според локално време.

Според анкетите на излегување од галсачките места, води актерот-комичар Владимир Зеленски со освоени 30,4 отсто од гласовите, втор е актуелниот претседател Петро Порошенко со 17,8 отсто освоени гласови, а фоворизираната поранешна премеирка на Украина Јулија Тимошенко е на третото место со освоени 14,2 отсто од гласовите на украинските бирачи. 

Доколку ниту еден од кандидатите не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, како што е во овој случај според нецелосни и неофицијални резултати, двајцата кандидати со најголем број освоени гласови ќе учествуваат во вториот круг од претседателските избори закажан за 21 април, а тоа најверојатно ќе бидат актерот-комичар Владимир Зеленски и актуелниот претседател Петро Порошенко.

 



Слични вести