Земјите членки на НАТО го продолжија мандатот на Столтенберг до 2022 година

Земјите членки на НАТО одлучија мандатот на генералниот секретар Јенс Столтенберг за кој се предвидуваше да заврши на 30 септември 2020 година, да биде продолжен до 30 септември 2022 година

1172755
Земјите членки на НАТО го продолжија мандатот на Столтенберг до 2022 година

Мандатот на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг продолжен до 2022 година.

Земјите членки на Сојузот одлучија мандатот на генералниот секретар Јенс Столтенберг да биде продолжен до 30 септември 2022 година.

Во објавеното писмено соопштение од НАТО се истакнува дека сојузниците мандатот на генералниот секретар Столтенберг за кој се предвидуваше да заврши на 30 септември 2020 година е продолжен до 30 септември 2022 година.

Во соопштението и се одделува место на изјавата на  Столтенберг кој истакна дека чувствува гордост од одлуката на НАТО сојузниците за продолжување на неговиот мандат.

"Со нетрпение очекувам да работам со сојузниците по прашањето на модернизацијата на НАТО во овој период кога се соочуваме со најголемите безбедносни предизвици." - рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Инаку, Столтенберг чиј мандат е продолжен по втор пат стапи на должност на 1 октомври 2014 година на местото на Андерс Фог Расмусен.

НАТО сојузниците во 2017 година  исто така одлучија да биде продолжен мандатот на Јенс Столтенберг кој е прв генерален секретар на Алијансата од Норвешка.

Јенс Столтенберг кој стана 13'ти генерален секретар на НАТО во периодот од 2000 до 2001 година и во 2005 и 2013 година беше премиер на Норвешка.



Слични вести