Путин свика седница на Советот за безбедност со дневен ред Венецуела

Се чувствува загриженост од соопштенијата на некои земји дека имаат намера да интервенираат во внатрешните работи на Венецуела

1173359
Путин свика седница на Советот за безбедност со дневен ред Венецуела

Рускиот претседател Владимир Путин свика вонредна седница на Советот за безбедност со дневен ред Венеуцела.

Во соопштението кое беше објавено од страна на претседателскиот дворец Кремљ, портпаролот Дмитриј Песков рече дека на состанокот беше разгледана последната ситуација во Венецуела. Песков додаде дека се чувствува загриженост од соопштенијата на некои земји дека имаат намера да интервенираат во внатрешните работи на Венецуела.

Портпаролката на Руското министерство за надворешни работи Марија Захарова рече дека САД постигнале договор за испраќање хуманитарна помош за Венецуела преку Холандија и островите Курачао, поради што ги обвини САД за предизвикување хаос.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно во врска со руското присуството и влијание во Венецуела рече дека Русија треба да излезе од Венецуела.



Слични вести