САД останаа сами во Советот за безбедност на ОН по прашањето на Голанските висорамнини

САД со еднострано донесената одлука во врска со Голанските висорамнини останаа сами во Советот за безбедност, додека останатите 14 земји членки на Советот се обединија по прашањето на тоа дека областа за која станува збор не е израелска територија

1172090
САД останаа сами во Советот за безбедност на ОН по прашањето на Голанските висорамнини

По потпишувањето на претседателскиот указ од страна на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на суверенитетот на Израел над Голанските висорамнини, на барање на Сирија се одржа седница на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН).

САД со еднострано донесената одлука во врска со Голанските висорамнини останаа сами во Советот за безбедност, додека останатите 14 земји членки на Советот се обединија по прашањето на тоа дека областа за која станува збор која е под окупација, не е израелска територија.

Родни Хантер, политичкиот координатор на Постојаното претставништво на САД во Обединетите нации (ОН) во говорот што го одржа пред Советот застана во одбрана на тоа дека доколку се дозволи Голанските висорамнини да бидат под контрола на сирискиот режим и Иран, ќе се замижи пред нападите на режимот, Иран и Хезболах врз Израел.

Хантер рече: „Оваа одлука е од критично стратешко значење од аспект на безбедноста на Израел и САД веруваат дека истата ќе придонесе за стабилноста на регионот.“

Родни Хантер освен тоа истакна дека одлуката на САД во врска со Голанските висорамнини нема да влијае на Мисијата на Обединетите нации за набљудување на прекинот на огнот (УНДОФ) на сириско-израелската линија и дека мисијата на мировните сили треба да останат во регионот.

Меѓутоа, САД во однос на оваа нивна еднострана одлука останаа сами во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН).

Останатите 14 земји членки на Советот се обединија по прашањето на тоа дека областа која се наоѓа под окупација не е израелска територија.   

Заменикот постојан претставник на Русија во Обединетите нации (ОН) Владимир Сафронков истакна дека оваа самоволно донесена одлука која е во спротивност со светскиот поредок е осудена на неуспех.

Тој рече: „Оваа еднострана донесена одлука на САД, независно од тоа поради кои причини е донесена, нема да доведе до промена на ниту една меѓународна правна одлука.“

Исто така и земјите членки на Европската унија (ЕУ) во Советот го споделија ставот дека одлуката на САД во врска со Голанските висорамнини е во спротивност со резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ ан ОН).

Франција и Велика Британија, како постојани членки во Советот и привремените членки Белгија, Германија и Полска алудирајќи на резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) под број 242, 338 и 497 истакнаа дека Голанските висорамнини не се израелска територија.

Постојаниот претставник на сирискиот режим во Обединетите нации (ОН) Бешар Џафери пак, во својот говор упати остри критики против САД и Израел.

Инаку, во првата усвоена резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) број 497 усвоена по анексијата на Голанските висорамнини во 1981 година од страна на Израел, се застанува против израелската окупација и во оваа резолуција се употребува изразот „Одлуката на Израел за применување на своите закони, своето судство и својата управа на окупираните Голански висорамнини е неважечка и нема меѓународна правна валидност.“

Израел, од 1967 година досега ги држи под окупација Голанските висорамнини кои инаку се територија на Сирија.



Слични вести