Одговор од Захарова на зборовите на Трамп кој рече дека Русија треба да ја напушти Венецуела

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ги критикуваше зборовите на Трамп кој рече дека Русија треба да ја напушти Венецуела и истакна дека САД првенствено треба да излезат од Сирија

1172023
Одговор од Захарова на зборовите на Трамп кој рече дека Русија треба да ја напушти Венецуела

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова во програмата на телевизискиот канал „Первиј канал“ направи проценка на последните зборови на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со Венецуела.

Критикувајќи ги зборовите на Трамп кој рече дека Русија треба да ја напушти Венецуела, Захарова истакна дека САД првенствено треба да излезат од Сирија.

„Пред да советуваат некого за повлекување од некаде, САД самите треба да излезат од Сирија.“ - рече Таа.

Подвлекувајќи дека САД треба да ги исполнат ветувањата кои што и ги даваат на меѓународната заедница, Захарова напомена дека САД не треба да одлучуваат во однос на легитимните интереси на другите земји.

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп на приемот во Белата куќа на Фабиана Росалес де Гуаидо, сопругата на Хуан Гуаидо, кој себе си се прогласи за привремен претседател на Венецуела, на едно поставено прашање во врска со тоа што мисли во однос на присуството на Русија во Венецуела рече: „Русија треба да ја напушти Венецуела.“

Во вестите објавени во венецуелскиот печат беше наведено дека еден воен транспортен авион и еден џет на руското министерство за одбрана на 24 март слетаа на меѓународниот аеродром Симон Боливар, во Маикуетиа, во северниот дел на главниот град Каракас и дека беа испратени повеќе од 100 руски војници и 35 тони медицински материјали. 

Исто така и портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова истакна дека руските воени експерти кои се испратени во Венецуела се наоѓаат во оваа земја во согласност со договорот за воено-техничка соработка помеѓу двете земји.



Слични вести