Ханије: Одлуката на Трамп за Голанските висорамнини е неприфатлива за муслиманите

Шефот на политичкото биро на Хамас Исмаил Ханије истакна дека одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп за признавање на Голанските висорамнини за израелска територија е неприфатлива за муслиманите

1172333
Ханије: Одлуката на Трамп за Голанските висорамнини е неприфатлива за муслиманите

Шефот на политичкото биро на Хамас Исмаил Ханије објави писмено соопштение во кое покажа реакција на одлуката на САД во врска со Голанските висорамнини.

Ханије истакна дека одлуката на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп за признавање на Голанските висорамнини за израелска територија е неприфатлива за муслиманите. 

Нагласувајќи дека се противи на суровата одлука на САД по прашањето ан Голанските висорамнини, Ханије рече: „Овие видови одлуки на САД се неприфатливи за Арапите и муслиманите.“

Од друга страна, шефот на политичкото биро на Хамас Исмаил Ханије покажа реакција и на нападите на Израел врз Газа во врска со што истакна дека ќе биде наново изграден штабот на Хамас кој беше срушен во нападот на израелските воени авиони врз Газа во понеделникот.

Инаку, одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на израелскиот суверенитет над Голанските висорамнини наиде на голема реакција во светот.

Обединетите нации (ОН), Европската унија (ЕУ), Турција, Велика Британија, Русија, Канада, Арапската лига (АЛ) и уште голем број други земји ширум светот како и меѓународни организации соопштија дека не ја признаваат оваа еднострана одлука на управата на САД.

Голанските висорамнини кои и припаѓаат на Сирија, од 1967 година се наоѓаат под окупација на Израел.

 



Слични вести