Израелски војници притворија 13 Палестинци на окупираниот Западен Брег

Според објавеното писмено соопштение од израелската армија, во извршените упади синоќа во различни места на Западниот Брег се притворени 13 Палестинци со тврдење дека „биле замешани во терористички акции“

1172411
Израелски војници притворија 13 Палестинци на окупираниот Западен Брег

Израелски војници притворија 13 Палестинци на окупираниот Западен Брег.

Според објавеното писмено соопштение од израелската армија, во извршените упади синоќа во различни места на Западниот Брег се притворени 13 Палестинци со тврдење дека „биле замешани во терористички акции“.

Во соопштението се истакнува дека притворените Палестинци биле испратени во центарот за притвор каде што ќе бидат сослушани. 

Израелските сили често реализираат упади во домовите на Западниот Брег и Источен Ерусалим (Кудс) кои ги држи Израел под окупација и притоа под различни изговори ги притвораат Палестинците.

По овие притворања кои што се реализираат често на Западниот Брег и во Источен Ерусалим (Кудс), некои од Палестинците, меѓу кои има и жени и деца, се држат со денови во центрите за притвор.

Според официјални палестински извори, во израелските затвори има 5.700 Палестинци од кои приближно 500 административни затвореници и 230 деца.



Слични вести