Циклонот во Мозамбик одзеде 447 животи, а околу 2 милиони луѓе имаат потреба од помош

Поради циклонот Идаи и поплавите предизвикани од силните врнежи од дожд кои го зафатија Мозамбик животот го загубија 447 лица, а имаат потреба од помош најмалку 1 милиони 850 илјади луѓе

1171244
Циклонот во Мозамбик одзеде 447 животи, а околу 2 милиони луѓе имаат потреба од помош
mozambik.jpg
mozambik sel.jpg
mozambik.jpg
mozambik sel (2).jpg
mozambik.jpg

Во циклонот и поплавите кои што ја погодија јужноафриканската држава Мозамбик животот го загубија 447 лица, а приближно 2 милиони лица имаат потреба од помош.

Во објавеното соопштение од Канцеларијата за координација на хуманитарната помош при Обединетите нации (ОЦХА) се истакнува дека поради циклонот Идаи и поплавите предизвикани од силните врнежи од дожд кои го зафатија Мозамбик имаат потреба од помош најмалку 1 милиони 850 илјади луѓе.

Во соопштението се вели дека катастрофите доведоа до голема хуманитарна криза, дека е оштетена инфраструктурата и дека се срушени голем број куќи и фарми, а воедно се напоменува дека животот го загубија 447 лица и повеќе од 15 илјади лица се повредени.

Во соопштението исто така се провлекува внимание дека народот погоден од елементарната непогода има итна потреба од прехранбени производи и друг вид хуманитарна помош.

Инаку, поради циклонот Идаи кој ги погоди Малави, Мозамбик и Зимбабве во јужна Африка, се срушени илјадници куќи и патишта, а во погодените области се појавија и заразни болести.



Слични вести