Могерини: ЕУ не го признава суверенитетот на Израел над окупираните Голански висорамнини

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини истакна дека Унијата не го признава суверенитетот на Израел над окупираните Голански висорамнини

1171893
Могерини: ЕУ не го признава суверенитетот на Израел над окупираните Голански висорамнини

Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могарини, по потпишувањето на претседателскиот указ од страна на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп со кој прогласи дека „САД официјално го признаа суверенитетот на Израел над Голанските висорамнини“, објави писмено соопштение во име на 28 земји членки на Европската унија (ЕУ).

Могерини истакна дека Европската унија (ЕУ) не го признава суверенитетот на Израел над окупираните Голански висорамнини.

Таа нагласи дека ставот на Европската унија (ЕУ) во врска со статусот на Голанските висорамнини не е променет.

Могерини подвлече дека согласно меѓународното право и резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) под број 242 и 497, Европската унија (ЕУ) не го признава суверенитетот на Израел над Голанските висорамнини кои се наоѓаат под окупација на оваа земја.

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на состанокот за претставниците на печатот што го одржаа завчера во Белата куќа ја соопштија нивната одлука по прашањето на Голанските висорамнини. 

Трамп кој го потпиша претседателскиот указ со кој прогласи дека „САД официјално го признаа суверенитетот на Израел над Голанските висорамнини“, претходно и на 21 март на својата сметка на Твитер ја сподели објавата: „По изминати 52 години дојде времето САД да го признаат целосниот суверенитет на Израел над Голанските висорамнини." 

Инаку, Голанските висорамнини кои и припаѓаат на Сирија од 1967 година се наоѓаат под окупација на Израел.

 



Слични вести