Стејт департментот: Помпео посака од Лавров да не испраќаат повеќе воен персонал во Венецуела

Заменик портпаролот на Стејт департментот Роберт Паладино: Државниот секретар Мајк Помпео посака од својот руски колега Сергеј Лавров да не испраќаат повеќе воен персонал во Венецуела

1170564
Стејт департментот: Помпео посака од Лавров да не испраќаат повеќе воен персонал во Венецуела

Американскиот државен секретар Мајк Помпео посака од својот руски колега министерот за надворешни работи Сергеј Лавров да не испраќаат повеќе воен персонал во Венецуела.

Заменик портпаролот на американскиот државен секретаријат Роберт Паладино соопшти дека двајцата шефови на дипломатии оствариле телефонски разговор во врска со што објави писмено соопштение.

Паладино истакна дека американскиот државен секретар Мајк Помпео му објаснил на својот руски колега Сергеј Лавров дека САД и нивните сојузници во регионот нема да останат со вкрстени раце пред чекорите на Русија во Венецуела.

Заменик портпаролот на Стејт департментот Паладино рече: „Русија со тоа што испраќа воен персонал поддржувајќи го притоа илегалниот режим на (венецуелскиот претседател) Николас Мадуро, ќе ги продолжи болките на венецуелскиот народ кој дава силна поддршка на привремениот претседател Хуан Гуаидо. Државниот секретар Помпео ја повика Русија да стави крај на неконструктивните чекори и да им се приклучи на другите земји кои бараат посветла иднина за венецуелскиот народ.“   

Инаку, како што се тврдеше Русија со воен транспортен авион испратила во Венецуела повеќе од 100 свои војници и 35 тони медицински материјали.

Кризата во Венецуела

Претседателот на Националното Собрание на Венецуела, кое инаку се наоѓа во рацете на опозицијата, Хуан Гуаидо, во јануари се прогласи за „привремен претседател на државата“ и веднаш потоа најпрвин беше признат од страна на САД, а потоа и од земји како што се Австралија, Канада, Колумбија, Перу, Еквадор, Парагвај, Бразил, Чиле, Панама, Аргентина, Коста Рика и Гватемала, а како последно чекор во оваа насока фрли чекор и Европскиот парламент (ЕП).

Од друга страна Турција Мексико Русија Иран Куба Кина и Боливија ја повторија поддршката на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

По овие случувања Мадуро соопшти дека ги прекинува дипломатските и политичките односи со САД, но рече дека трговските односи ќе продолжат.

Американскиот претседател Доналд Трамп пак, истакна дека да една од опциите е да се испрати војска во Венецуела.
 



Слични вести