Силите на Асадовиот режим гранатираа училиште: Загинаа најмалку двајца ученици

Екипите за Цивилна одбрана (Белите беретки) реализираа топовски напади со хаубици во границите на „областа за намалување на загетнатоста во Идлиб“ во кои беше погодено едно училиште и животот го загубија најмалку двајца ученици, а 5 мина ученици се ранети

1170881
Силите на Асадовиот режим гранатираа училиште: Загинаа најмалку двајца ученици

Силите на режимот на Бешар Асад и странските терористички групи поддржани од Иран реализираа напади со хаубици на едно училиште во селото Шејх Идрис во границите на „областа за намалување на загетнатоста (деескалација) во подрачјето на градот Идлиб“.

Според добиени информации од извори на екипите за Цивилна одбрана (Белите беретки), во нападите животот го загубија двајца ученици, а 5 мина ученици се ранети.

Се стравува од зголемување на бројот на загинатите.

Режимските сили и нивните поддржувачи од утрово реализираат топовски напади со хаубици врз населеното место Хан Шејхун, месноста Теманије и селото Шејх Идрис во подрачјето на градот Идлиб, населените места Кефер Зита и Латамине и Лахаја, Ел Хувејиз и селото Ел Шериа во Хама. 

Во реализираните воздушни и копнени напади од страна на Асадовиот режим и терористичките групи поддржани од Иран врз цивилните население места во границите на „областа за намалување на загетнатоста (деескалација) во подрачјето на градот Идлиб“, што значи прекршување и на договорот од Сочи, од почетокот на годината досега, животот го загубија најмалку 175 цивили, а повеќе од 480 мина цивили се ранети.

Режимските сили не престануваат со нападите и покрај постигнатиот договор од Сочи помеѓу Турција и Русија, за зацврстување на прекинот на огнот во подрачјето на градот Идлиб.

Согласно постигнатиот договор во Астана, Русија како земја гарант на Асадовиот режим, е обврзана за спречување на режимските напади.

Воените опозиционери пак, согласно потпишаниот договор на 17 септември 2018 година,  на 10 октомври 2018 година го повлекоа тешкото оружје со кое што располагаа во ова подрачје.

 

 



Слични вести