Русија ги повика Израел и Палестина на воздржаност

„Како резултат на затегнатоста која што започна помеѓу Израел и Палестина и двете страни претрпеа загуби и дека имаше рушења, вклучувајќи ги и цивилните инфраструктури“ - се вели во соопштението на МНР на Русија

1171102
Русија ги повика Израел и Палестина на воздржаност

Русија привлече внимание дека треба повторно да започне процесот на мировните преговори помеѓу Израел и Палестина и ги повика страните на воздржаност.

Во објавеното писмено соопштение од руското министерство за надворешни работи се потсетува дека како резултат на затегнатоста која што започна помеѓу Израел и Палестина и двете страни претрпеа загуби и дека имаше рушења, вклучувајќи ги и цивилните инфраструктури.

Во соопштението се вели дека Москва чувствува сериозна загриженост од повторно започнување на воен конфлик од голем обем во регионот, од цивилни загуби и на двеет страни и од уште повеќе влошување на хуманитарната состојба поради блокадата на Појасот Газа.

„Ги повикуваме Израел и Палестинците на воздржаност и веднаш да се вратат кон средина на прекин на огнот. За изнаоѓање решение за Газа и за постигнување на долгорочен, праведен и траен мир на Блискиот исток, под итно треба повторно да започне израелско-палестинскиот процес на преговори кој што се потпира на резолуции на Арапската мировна иницијатива, Генералното Собрание на Обединетите нации и Совето за безбедност на Обединетите нации.“ - стои во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Една истрелана ракета од Газа вчера наутро падна врз една куќа во областа Шарон во северниот дел на Тел Авив и беа ранети 7 лица кои се наоѓале во погодената куќа.

Потоа израелската армија вчера во вечерните часови започна воздушни напади врз Газа.

Палестинските групи на израелските напади одговорија со ракети, по што повторно дојде до зголемување на затегнатоста во регионот.

Хамас вчера вечер во 22:00 часот според локално време соопшти дека под посредување на Египет е постигнат прекин на огнот во Газа, меѓутоа и покрај тоа израелските бомбардирања продолжија.

Откако продолжија израелските напади, продолжија да се истрелуваат и ракети од Газа врз Израел.

 



Слични вести