Реакција од Махмуд Абас на претседателскиот указ на Трамп во врска со Голанските висорамнини

Палестинскиот претседател Махмуд Абас на одлуката на Трамп во врска со Голанските висорамнини покажа реакција со зборовите „Не е легитимна ниту една одлука која што посегнува по суверенитетот на Палестина над Ерусалим или по било која арапска територија

1170504
Реакција од Махмуд Абас на претседателскиот указ на Трамп во врска со Голанските висорамнини

Палестинскиот претседател Махмуд Абас покажа реакција против потпишаниот претседателски указ од страна на американскиот претседател Доналд Трамп со кој се прогласува дека „официјално го признава суверенитетот на Израел над Голанските висорамнини“ и истакна дека оваа одлука не е легитимна.

Според веста на палетсинската официјална новинска агенција „ВАФА“, претседателот Махмуд Абас на одлуката на Трамп во врска со Голанските висорамнини покажа реакција со зборовите „Не е легитимна ниту една одлука која што посегнува по суверенитетот на Палестина над Ерусалим (Кудс) или по било која арапска територија.“

Абас нагласи дека патот за легализирање на било кој чекор по прашањето на арапско-израелскиот конфликт поминува од неговата усогласеност со резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), Обединетите нации (ОН) и на Арапската мировна иницијатива.

Инаку, претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп вчера го потпиша претседателскиот указ со кој го призна суверенитетот на Израел над Голанските висорамнини.

 



Слични вести