Помпео на реакциите од целиот свет одговори со зборовите „Ми е жал, но не се зачудив“

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во врска со реакциите од светот против одлуката на претседателот Трамп по прашањето на Голанските висорамнини одговори со зборовите „Ми е жал, но не се зачудив“

1171198
Помпео на реакциите од целиот свет одговори со зборовите „Ми е жал, но не се зачудив“

Американскиот државен секретар Мајк Помпео, во врска со реакциите кои што пристигнаа од страна на голем број земји на чело со Турција, по потпишаниот претседателски указ на претседателот Доналд Трамп со кој прогласи дека „САД официјално го признаваат суверенитетот на Израел над Голанските висорамнини“, одговори со зборовите „Ми е жал, но не се зачудив.“ 

Помпео на одржаната прес конференција во Државниот секретаријат (Стејт департментот) одговараше на поставените прашања на новинарите посветени на актуелниот дневен ред.

На прашањето „Како ја дочекувате реакцијата на Турција, Обединетите нации (ОН) и Канада на одлуката во врска со Голанските висорамнини?“, американскиот државен секретар Мајк Помпео одговори: „Ми е жал, но не се зачудив.“

Помпео рече: „Се сеќавам и кога ја донесовме одлуката за пренесување на нашата Амбасада во Ерусалим. Во однос на секое прашање ги земаме за база реалностите на теренот и се надеваме дека и другите земји ќе ни се приклучат и ќе го разберат значењето на оваа состојба. Ќе продолжат нашите средби со овие грст земји кои што ги споменавте.“

На едно поставено прашање „Дали моќните земји и покрај меѓународното право можат да ги присвојат посакуваните територии?“ пак, Помпео одговори: „Секако дека не, меѓутоа ова е посебна состојба. Израел е во самоодбрана.“

Инаку, претседателскиот указ потпишан од страна на американскиот претседател Доналд Трамп со кој прогласи дека го признава суверенитетот на Израел над Голанските висорамнини, продолжува да станува причина за голема реакција кај меѓународната заедница.

Обединетите нации (ОН), Европската унија (ЕУ), Турција, Велика Британија, Русија, Канада, Арапската лига (АЛ) и голем број други земји и меѓународни институции, соопштија дека не ја признаваат оваа еднострана одлука на управата на САД.

Израел, од 1967 година досега ги држи под окупација Голанските висорамнини кои инаку се територија на Сирија.



Слични вести